Велосипедски туризам

Зошто велосипедски туризам?

- Бидејки е најефтин!

- Бидејки е еколошки!

- Бидејки го подобрува здравјето! (кога се практикува по добар режим)

Почетна година 2012:

- Најубава вода по пат:

Преминот после Суви лаки кон Берово;

- Најтешка релација:

Прилеп - Витолиште 55км.


- Најтешка угорнина:

од Хамзали кон Суви лак 10 км 3,5 часа

Плетвар од кај Кавадарци

од Витолиште (Црна) до Круша премин спрема Прилеп 18 км. 3 часа

Валандовско брдо 1час.

- Најлош асфалт:

од Кавадарци спрема Мушов гроб (нов а со нерамнини и на секои 50-100 метра спојките се нерамни

Коцките од Битола спрема пола пат до Прилеп,

Коцките на патот од Струмица спрема Радовиш,

Кадрифаково- Велес.

 

- Најдобра релација

Пехчево - Равна река

Штип - Кадрифаково секундарен пат!

Неготино-Демир Капија (секундарен пат)

- Најлоша релација (асфалт, фрекфенција на коли)

Штип - раскрсница за Неготино

- Најдобра удолнина:

од Неготино спрема раскрсницата за Штип после преминот (покрај село Пиперево),

од Круша спрема Прилеп и од Круша спрема Црна,

од Св.Илија(Витолиште спрема Црна);

од Суви лаки преминот спрема Хамзали

од Костурино до Струмица(ако нема северен ветар)

 

- Најлошо за гумите:

Мрзенци спрема Прдејци (секундарен пат)

 

- Најубаво кампинг место:

Витолиште,

Равна река - Пехчево,

Смрдлива вода Кожуф (Гевгелија),

Паљурци.


Патувањето од лани до Романија и Бугарија:

http://www.crazyguyonabike.com/doc/page/?o=1&page_id=301834&v=8e

Овогодишен проект Чешка, Германија, Франција.

Планирана дата за почеток 03. Јуни 2013.

 Интернет група: https://www.facebook.com/groups/113705842144367/?fref=ts

New! Comments

Have your say about what you just read! Leave me a comment in the box below.