Еднодневен курс за готвење

"За прв пат пробувам здрава храна со Здружението Центар за превентивна медицина и природно лечење Струмица. Слободно можам да кажам дека се што ни беше презентирано беше феноменално. Имам интерес да ја користам оваа храна и препорачувам аинтересираните барем да пробаат а јас сум сигурна дека и ќе се одлучат за неа заради здравјето и многу квалитетниот живот. Голема благодарност до нашиот стручен презентер Панче Донев од Струмица." Љубица - Битола

"Прв пат учествувам на ваква презентација и се надевам ќе ја паметам цел живот . Поубава храна немам пробано, ти честитам Панчо и ти посакувам да напредуваш и понатаму" – од срце – Марија

"Воодушевена сум од оваа презентација за здрава храна. Се ми се допадна,беше прекрасно и феноменално. Би сакала цела храна што ја пробав да ја применувам во иднина. Ви благодарам многу." Лидија.

"Јас сум Соња од Битола и сум голем поборник за готвење и конзумирање здрава храна.

Верувам дека онаа што е наменето за нормален развој на телото и умот мораме да го внесеме во нашиот организам, заради хармонија на работата меѓу нив. Пробав од се што ни беше презентирано од Здружението и верувам и убедена сум дека тоа е храна на иднината. Позебен акцент ставам на млекото од бадем ако воопшто може нешто да се издвои. Благодарам Прекрасно"

"Јас сум Лилјана од Битола и сум голем поборник на здрава храна. Ми се допадна се од почеток до крај а посебно целото дружење. Благодарам Прекрасно"

"Желба на секој човек е да биде здрав. Меѓутоа важен е и начинот на кој сето тоа може да се постигне. Еден од важните аспекти за сочување на своето здравје е користење на здравата храна и истата подготовка на ист начин. На денешниот семинар во Битола научивме како онаа што е околу нас да го искористиме за за свое добро како и за подобар и поквалитетен живот.

Кога би требало да издвојам нешто од денешниот семинар би го издвоил бадемовото млеко кое ми остави голем впечаток.

Се беше добро и вкусно, само продолжете и понатаму со истото темпо. Голема благодарност за Здружението кое го подготви овој семинар." Раде.

"Многу ми се допадна оваа презентација на здрава храна и сакам да ја користам во иднина. Многу сум благодарна" Славица

"За прв пат сме на ваков семинар. Пробавме 10 различни јадења приготвени на здрав начин. Морам да кажам дека се беше одлично. Не засити, и на вкус храната беше многу добра иаку сме ненавикнати на ваква храна." 

Пријавување за курсевите на 077.88.44.22 или на страницата на facebook на здружението

New! Comments

Have your say about what you just read! Leave me a comment in the box below.



Страницата на Здружението