|
|
[?]Subscribe To This Site
|
Здрави рецептиДомашен здрав еурокрем
2dl ореви(бадеми,кикирики, ореви...) Растително млеко
2dl сварена соја или ореви, бадеми,кикирики, индиски ореви и други јатчести плодови или семиња; Просо пудинг (за 2 лица) Просо 250мг. Едноставен рецепт за маџун Со употреба на соковник од грозјето (по можност непрскано)се добива гроздов сок. Сокот се вари доволно долго за да се згусне. Кога ќе се олади се става во пластични шишиња, не до горе напонети а со оставено празно место и се замрзнуваат во замрзнувач.Ако се нема соковник може и рачно преку цедилка или со машина за мелење ајвер.
Каша од овесни снегулки (глутенски рецепт) 2 чаши Соино млеко;
Рецепт за Соја млеко Потребни артикли:соја во зрна 500g., вода 6 литра,сол ¾ до 1 мала лажичка. Процедура: Најпрво се става сојата да кисне околу 8 часа(на пример преку ноќ). Потоа со рацете ја протриваме сојата со цел да се одстранат лушпите(барем дел), со кое би се снижила појавата на плинови, и ги исплавуваме со вода. Во тенџере со големина од барем 8 литра ставаме 6 литра вода во која ја ставаме солта,и кога ќе почне да врие земаме дел од водата и во блендер ја додаваме на сојата која ја измиксуваме до состојба на крем(вода додаваме колку да ја залие сојата). Измиксираната соја ја додаваме во водата која врие со промешување, и во првите 5 минути од варењето мораме да внимаваме да не истече, а по потреба и да ја намалиме јачината на ринглата. Вариме уште одприлика 20-25 минути. Преку густ цедник го прецадуваме млекото(или преку ткаенина за прецадување млеко), а онаа што ќе ни остане (околу 900g) можеме да го користиме за правење паштети или плескавици а се нарекува Окара. Ако сакаме да направиме дел да биде слатко можеме да додадеме кафеав шеќер,мед, малтекс, стевија или друг здрав засладувач, а по желба можеме да додадеме и ванила екстракт. Можеме да додадеме и овошје и да направиме коктел. Друга употреба е за доречек како здрав напиток,при варење на овесна или друга житна каша, во сосови, или всушност секаде каде имаме обичај да додадеме Кравјо млеко. Ако млекото го ставиме во фрижидер би издржало два до три дена, а ако го стерилиризираме во стаклени шишиња (6-10 минути) би издржало повеќе денови. Сличен рецепт има на видеото:
• Научете да гответе здрави и едноставни рецепти на еднодневните курсеви по готвење со Здружението Центар за превентивна медицина и природно лечење Струмица! Вратете се на страницата на Здружението
|
|
New! Comments
Have your say about what you just read! Leave me a comment in the box below.